јануари 6, 2016

Нападната група мигранти од Мароко (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Тројца државјани на Мароко биле ограбени во близина на Демир Капија од
страна на три непознати лица, кои заканувајќи им се со пиштол им одзеле 900 евра.

Датум, време и место на инцидентот: 6 јануари, околу 20 часот, во близина на Демир Капија.
Извор на информации: Електронски медиум МКД.мк.
Инволвирани жртви: Тројца Мароканци.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ), Тешка кражба (Член 236, КЗ)
Сторители: 3 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигранти) која е убедливо помалубројна од групата
на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека такво кривично дело не
е регистрирано на подрачјето на СВР Велес.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Демир Капија
Име на Локација
Демир Капија

Број на жртви
3
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападната група мигранти од Мароко (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Кражба Грабеж

Основа

Раса Националност