Што се случило: Сузана Трајковска, активистка на СДСМ-Прилеп била пресретната и нападната
од две непознати лица, чии лица не можела да ги види затоа што биле покриени со качулки.
Според нејзините кажувања, лицата и пришле од позади, ја фатиле цврсто и ја подигнале, а
потоа ја предупредиле да не гледа ниту лево, ниту десно и и се обратиле со зборовите „Многу се
експонираш по телевизии и ако продолжиш ќе те збришеме”. Потоа је пуштиле со предупредување
да не се врти по нив, додека заминуваат. Лицата носеле црни плетени ракавици, црни дуксерки со
качулки и по нејзиното гледиште биле постари од триесетина години.
Датум, време и место на инцидентот: 16 март, 21:00 часот, ул. Републиканска, Прилеп
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Загрозување на сигурноста (Член 144, КЗ)
Сторители: Две лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Содржина на упатените пораки – Навредливите и заканувачки пораки се упатени кон жртвата
поради тоа што се експонира како политичка активистка;
2. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за медиумите, жртвата гледа на инцидентот
како пристрасно мотивиран.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по примањето на пријавата,
од страна на полициските службеници бил изготвен записник за примање на пријава за кривично
дело по чл.144 ст.1 „Загрозување на сигурноста“ кое се гони по приватна тужба, како и дека ПС
Прилеп работи на расветлување и откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува, како и безбедноста на лицата поради нивната политичка припадност или политичко
уверување.