Што се случило: На 15.03.2018 година на објектот на Институтот за културно наследство на Албанците
во Северна Македонија во Скопје на бул.„Илинденска“, непознат сторител испишал графити со
навредлива содржина.
Датум, време и место на инцидентот: 15.03.2018 година неопределно време, Институтот за културно
наследство на Албанците во Северна Македонија.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се испишуваат графити со говор на омраза по
етничка основа
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, извршен е увид и разговарано е
со одговорното лице на Институтот, при што му е укажано дека станува збор за дело кое се гони по
службена должност, и дека треба да достават записник за примање на пријава. До сега таков записник,
ниту изјава немаат доставено до МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.