Што се случило: Група од 4 до 5 непознати сторители нападнала три момчиња. Една од жртвите
била прободена со нож. Комитетот контактира со жртвите и потврди дека немало каков било
мотив или причина за нападот и дека напаѓачите биле Албанци, а жртвите Македонци.
Датум, време и место на инцидентот: 13 септември, 03:00 часот, ул. „Црвена општина“, Скопје.
Извор на информации: Медиум Репортер, комуникација со жртвите.
Инволвирани жртви: Тројца млади мажи.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од 4 до 5 машки Албанци.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртва – жртвите гледаат на инцидентот како пристрасно мотивиран;
2. Разлика во етничкото потекло – сторителите се Албанци, а жртвите Македонци;
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Ми-
нис терството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.