ноември 11, 2018

Момче од Сарај нападнато на улица Аминта Трети

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 11.11.2018 година во 22,00 часот во Полициската станица Центар, Б.А.(21) од село
Сарај-скопско, пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот пред угостителски објект на улицата „Аминта
Трети“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 11.11.2018 година околу 20,00 часот пред угостителски објект на
улицата „Аминта Трети“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно машко лице на 21 година.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на млади лица во овој дел од градот се регистрирани и
претходно

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен
на министерството, односно дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
улицата „Аминта Трети“
Име на Локација
улицата „Аминта Трети“

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Момче од Сарај нападнато на улица Аминта Трети image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност