Што се случило: На 05.09.2019 во 17.30 часот во СВР Скопје, М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, пријавил
дека истиот ден во 16.30 часот на автобуска постојка во с. Долно Лисиче бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 05.09.2019, 16,30 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, press24.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Констатиран прекршок по чл.10 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.