Што се случило:. 20-годишно момче било физички нападнато со камења од двајца непознати
сторители.
Датум, време и место на инцидентот: 11 август, ул. „Филип Втори Македонски“ во Општина
Центар, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): Едно 20-годишно момче било каменувано. Како резултат на нападот на
жртвата и’ биле нанесени повреди во предлот на главата.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Телесна повреда (Чл.130).
Сторител(и): Двајца непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој инцидент е сексуалната ориентација на жртвата, додека индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата го доживува инцидентот на злосторство од омраза.
2. Природа на насилството– Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Комитетот го пријави случајот на властите, откако доби
согласност на жртвата. Жртвата беше повикана од страна на полицијата на препознавање
можни осомничени.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба на сексуалните малцинства во општеството, особено на оние
локации каде почесто се движат.