Што се случило: Додека чекало да премине улица, младо момче било нападнато без причина
кога автомобил застанал до него, едно лице излегло и го удрило момчето по глава со тежок
предмет. Момчето паднало во несвест, по што било пренесено во болница со амбулантен
автомобил. Сведоците изјавиле дека ги забележале регистарските таблици на возилото во кое
биле сторителите.
Датум, време и место на инцидентот: 23 мај, Карпош, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „Прес24.мк“( Press24.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Еден млад човек со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ.
Сторител(и): Непознат број на сторител/и.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
2. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешно работи на барањето пратено од Комитетот одговори дека жртвата
одбила медицински третман и заминала од местото на настанот по своја волја, па соодветно на
тоа немаат регистрирано никаков инцидент во нивната официјална евиденција.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.