Што се случило: Мигрант од Авганистан бил ограбен од двајца вооружени машки сторители. За
време на разбојништвото, напаѓачите ја удриле жртвата во главата со пиштол. Сторителите му го
одзеле ранецот во кој имало 1.200 евра и два мобилни телефони.
Датум, време и место на инцидентот: 25 август, 18:00 часот, Шупљи камен, во близина на Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Еден Авганистанец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (авганистански мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесени кривични пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривични пријави за
кривичното дело „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ) против четворица сторители.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.