Што се случило: 8 економски мигранти од Мароко биле нападнати од страна на вооружена група
од три лица кои излегле од автомобил БМВ Х5 со сребрена боја, по што физички ги нападнале
бегалците и им одзеле лични предмети. Едниот припадник на групата напаѓачи поседувал пиштол,
а останатите ножеви.
Датум, време и место на инцидентот: 15 јануари, околу 00:15 часот, во близина на бензинска
пумпа „Детоил“ крај автопатот во близина на с. Речица, Куманово
Извор на информации: Набљудувач на Хелсиншкиот комитет.
Инволвирани жртви: 8 Мароканци.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Тешка кражба
(Член 236, КЗ)
Сторители: 3 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигранти) која е убедливо помалубројна од при-
падници од групата на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека во СВР Куманово не
била примена пријава за ваков настан.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на лица
кои влегуваат и поминуваат низ земјата.