Што се случило: Пет луѓе кои носеле маскирни воени униформи и маски нападнале и ограбиле
група од 18 мигранти. За време на разбојништвото, еден од напаѓачите користел огнено оружје
и повредил една од жртвите во нога. Жртвите, сепак, успеале да го соборат напаѓачот со огнено
оружје, му го одзеле оружјето и случајот го пријавиле во полиција.
Датум, време и место на инцидентот: 16 април, 01:00 часот, село Студеничани, близу Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Кајгана.
Инволвирани жртви: Осумнаесет мигранти (националност не е наведена) биле нападнати и
ограбени, еден Сириец бил повреден со огнено оружје.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ
на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од пет сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат,
жртвата е припадник на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници на
друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава за кривич-
ното дело „Разбојништво“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или рас-
прс ку вачки материи“. Бројот на осомничени не е наведен.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на ми-
гран тите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.