Што се случило: Во селото Ваксинце, откриена е куќа каде се чувале заробени мигранти. Голем
број луѓе се чувале во неколку мали, но преполнети соби. Тие не биле во можност да побегнат
заради вооружените луѓе кои ги обезбедувале просториите. Од мигрантите било изнудувано да
плаќаат за својата слобода, по што им било дозволено да продолжат кон Србија пеш.
Датум, време и место на инцидентот: Неозначен период во мај и јуни, село Ваксинце, близу
Куманово.
Извор на информации: Медиум Ченл 4, Велика Британија.
Инволвирани жртви: Голема група мигранти.
Вид на злосторства:„Грабнување“ (член 141, КЗ на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна
повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната голема група сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е ет-
нич ко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (странски мигранти) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска и албанска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на пристрасно
мотивирано насилство врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривични пријави против
четворица осомничени за кривичното дело „Криумчарење мигранти“ (член 418-б, КЗ на РМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.