Што се случило: Шест мигранти биле ограбени од непознат сторител, кој им одзел 100 евра.
Датум, време и место на инцидентот: 3 јануари, време неодредено, село Прждево, Неготино.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Шест Авганистанци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ)
Сторители: Еден 55-годишен маж.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (авганистански мигранти) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барањето за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднело кривична пријава против
едно лице.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
лицата кои влегуваат и поминуваат низ земјата.