февруари 19, 2017

Масовна тепачка на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени на спортски натпревари
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Масовна тепачка во која учествувале неколку десетици луѓе се случила на кејот на Вардар во близина на националната Т-Арена. Според неофицијалните информации од очевидци, тепачката се случила помеѓу навивачките групи на Вардар и Шкупи, непосредно по одржувањето на првенствениот меч пред празни трибини (со оглед на тоа дека тогаш Вардар ја издржувал казната од фудбалската федерација за играње пред празен стадион) и имало повеќе повредени лица, а неколкумина биле и приведени. Истата вечер, според информации од МВР преземени од медиумите, група младинци, најверојатно членови на навивачката група „Комити“, револтирани од приведувањето на нивни членови кои учествувале во нарушување на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, кој се одиграл на националната Т-Арена во Скопје, организирани во две групи, почнале да фрлаат камења и други тврди предмети кон објектот во кој е сместена Полициската станица – Центар.

Датум, време и место на инцидентот: 19 февруари, околу 15:20 часот, кеј на Вардар, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Прес 24.мк.
Инволвирани жртви: 2 лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ)
Сторители: Група од непознат број навивачи од навивачките групи на Вардар и Шкупи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил непосредно по одржувањето на спортски натпревар, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – членовите на навивачките клубови на фудбалскитеклубови Вардар и Шкупи се со различно етничко потекло;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи / поддржувачи имаат различно етничко потекло.
3. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходи инцидент од истиот ден, кога две малолетни лица, најверојатно навивачи на ФК Вардар беа нападнати од страна на навивачи на ФК Шкупи.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Според одговорот добиен од МВР по однос на Барањето за информации од јавен карактер испратено од страна на МХК, во врска со овој кривично-правен настан од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје било поднесено писмено Известување во врска со кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. КУ бр.1743/17.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и безбедноста на луѓето присутни на или во близина на спортски натпревари.

Адреса
кеј на Вардар, Скопје
Име на Локација
кеј на Вардар, Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Масовна тепачка на кејот на Вардар во центарот на Скопје image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Етничка припадност Религија или уверување