април 25, 2014

Масовна тепачка во автобус од јавен транспорт бр. 50 (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Возачот на автобусот пријавил инцидент кога две групи средношколци започнале
вербална расправа што прераснала во масовна тепачка во автобусот. Кога се обидел да интервенира, учениците го напуштиле автобусот, кршејќи неколку прозорци. Тепачката сопрела
по полициската интервенција.

Датум, време и место на инцидентот: 25 април, 13:40 часот, бул. „Александар Македонски“ пред
средното училиште „Боро Петрушевски“, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „курир.мк“ (kurir.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на жртви од двете страни.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка Чл.132 КЗРМ, Телесна повреда (Atr.130), Загрозување
на сигурноста (Чл.144), Насилство (Чл.386), и Оштетување туѓи предмети (Чл. 243).
Сторител(и): Непознат број на сторители, најверојатно од двете страни.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност – поради
мешаното етничко потекло на учениците што посетуваат настава во училиштата во директна
близија на инцидентот, етничката припадност на жртвата може да биде различна од онаа на
сторителот.
2. Природа на насилството – до инцидентот дошло во јавност, во автобус од јавен градски превоз.
3. Недостаток на други мотиви – Преку медиумите, полицијата изјавила дека учесниците рекле дека
не се познаваат и дека немале никакви претходни расправии.

Статус на случајот: Поднесени се кривични и прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите, полицијата изјави дека поднеле единаесет
прекршочни пријави за „Нарушување на јавниот ред и мир“, и кривична пријава за „Оштетување
туѓи предмети“. Сепак, преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер, на барање
на Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека против единаесетмината се
поднесени прекршочни пријави, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и
мир, неспоменувајќи ја кривичната пријава што ја најавија преку медиумите. Исто така, немаше
одговор во врска со фактот што упатува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.

Адреса
бул. „Александар Македонски“ пред средното училиште „Боро Петрушевски“, Скопје
Име на Локација
бул. „Александар Македонски“ пред средното училиште „Боро Петрушевски“, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Масовна тепачка во автобус од јавен транспорт бр. 50 (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност