Што се случило: Двајца мигранти од Мароко биле ограбени во близина на Демир Капија од страна
на три непознати лица кои ги пресретнале заканувајќи им се дека ќе ги убијат, по што им одзеле
1.750 евра и мобилен телефон.
Датум, време и место на инцидентот: 6 јануари, околу 13.30 часот, во близина на Демир Капија.
Извор на информации: Дневен весник Утрински Весник.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ)
Сторители: 3 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигранти) која е убедливо помалубројна од групата
на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека такво кривично дело не
е регистрирано на подрачјето на СВР Велес.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.