Што се случило: Двајца мигранти, марокански државјани кои претходниот ден биле нападнати
во близина на Скопје, во близина на Куманово биле повторно физички нападнати и тоа од страна
на две лица кои ги превезувале со ПМВ, по што едниот од нив успеал да избега и се сокрил, а на
другиот со употреба на тупаници му биле нанесени видливи телесни повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 8 јануари, 23:50 часот, во близина на Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: 2 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигранти) која е убедливо помалубројна од
припадници од групата на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето, за
настанот бил запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и бил изготвен записник за примање
на пријава кој по службена пошта бил проследен до СВР Куманово за постапување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.