јануари 7, 2016

Мароканци мачени со безбол палка и електро шокови (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Во близина на Скопје, на железничка станица надвор од градот, двајца мигранти
државјани на Мароко биле измачувани од страна на три непознати лица со безбол палка и електро
шокови, по што им одзеле 300 евра, патни исправи и мобилен телефон „Сони“.

Датум, време и место на инцидентот: 7 јануари, 13:15 часот, на железничка станица во близина
на Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум МКД.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ), Насилство (Член 386, КЗ), Тешка кражба (Член
236, КЗ)
Сторители: 3 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигранти) која е убедливо помалубројна од групата
на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето, за
настанот бил запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и бил изготвен записник за примање
на пријава кој по службена пошта бил проследен до СВР Скопје за постапување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
2
Број на сторители
3
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Мароканци мачени со безбол палка и електро шокови (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Криминална закана
Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Раса Националност Етничка припадност