јули 14, 2019

Малолетно момче нападнато во автобус во Ченто

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 18.07.2019 во 23.44 часот во СВР Скопје, М.А.(17) од село Смилковци, скопско, пријавил
дека истиот ден во автобус во населба Ченто во Скопје физички бил нападнат од четири лица. Се работи на
расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 18.07.2019 година во 23.44 часот, Ченто, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел од градот со мешано население и претходно имало регистрирано
вакви настани.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Ченто, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Ченто, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
4
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетно момче нападнато во автобус во Ченто image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност