Што се случило: Двајца седумнаесетгодишни ученици од СУГС „Владо Тасевски биле фи-
зич ки нападнати од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во истото училиште. Не-
пос ред но пред физичкиот напад, сторителите се симнале од автобус на ЈСП бр. 50.
Од страна на лекар кај двете малолетни лица биле констатирани телесни повреди, а едното лице
е задржано на понатамошно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 23 ноември, 14:30 часот, во близина на Бит Пазар, Скопје
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од 10мина сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е сторителите и жртвите да имаат различно етничко потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека на 05.08.2016 од страна
на одговорно лице од ЈСП во ПС ОН „Ѓорче Петров“ е поднесен записник за примање кривична
пријава, како и дека СВР Скопје презема мерки и активности за расветлување на кривично правниот
настан и утврдување на идентитетот на сторителот по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.