Што се случило: Две седумнаесетгодишни момчиња, по претходна расправија, биле физички на-
паднати од друга група на малолетници, при што им биле нанесени телесни повреди од непознат
тврд предмет. Истите биле пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска
помош.
Датум, време и место на инцидентот: 14 март, околу 13:30 часот, во близина на ТЦ Чаирчанка,
Скопје
Извор на информации: Електронски медиум Курир.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во објект кој се наоѓа во
област населена од луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
била доставена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.