Што се случило: Четири малолетни лица, облечени со црни дуксери со качулки, пред зграда на
улицата “Благоја Тоска” во Тетово нападнале едно 16-годишно момче, на кое со боксови му го
скршиле носот.
Датум, време и место на инцидентот: 12 февруари, околу 13 часот, пред зграда на улица “Благоја
Тоска” во Тетово.
Извор на информации: Дневен весник Вест.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ), Телесна повреда
(Член 130, КЗ).
Сторители: Група од 4 непознати малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во град со мешан
етнички состав на населението;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против непознати сторители до Основното
Јавно Обвинителство – Тетово за кривично дело „Тешка телесна повреда“.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Тетово
е поднесена кривична пријава против непознати сторители до Основното Јавно Обвинителство –
Тетово за кривично дело „Тешка телесна повреда“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.