ноември 2, 2019

Малолетник физички нападнат од група малолетници во Тетово

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 02.11.2019 во 23.00 часот С.С. (42) од с.Голема Речица пријавила дека истиот ден околу 22.30
часот во Тетово на улицата „Благоја Тоска“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од малолетници. Се
работи на расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 02.11.2019, 22.30 часот, Тетово
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство ( член 386 од КЗ)
Сторители: повеќе непознати малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Изостануваат други мотиви

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
улицата „Благоја Тоска“
Име на Локација
Тетово

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Малолетник физички нападнат од група малолетници во Тетово image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност