јуни 2, 2020

Малолетник физички нападнат на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Киро Фетак“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 02.06.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, С.П.(45) од Скопје пријавил дека на 01.06.2020 околу 23.15 часот на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Киро Фетак“ неговиот 14- годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација-во овој дел од градот и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Малолетник физички нападнат на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Киро Фетак“ image