Што се случило: Шеснаесетгодишно момче било физички нападнато од страна на 5-6 непознати
машки лица, на возраст од 16-20 години. Напаѓачите го удирале со тупаници и клоци во пределот
по телото и главата по што го напуштиле местото на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, 21:30 часот, ул. „Методија Андонов-Ченто”
Извор на информации: Електронски медиум МКД.мк.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од 5-6 лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – настанот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав, можно е етничкото потекло на сторителите да се разликува од она
на жртвата.
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага/ Се очекува да биде поведена прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: По поднесеното Барање за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати во врска со овој инцидент, МВР достави Одговор на Барањето во кој наведува
дека од страна на сменоводителот бил земен записник за примање на пријава и биле поднесени
пет службени белешки за добиени информации од граѓанин. Воедно, во Одговорот се истакнува
дека СВР Скопје презема мерки и активности за расветлување на нарушувањето на јавниот ред и
мир, по што согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир до надлежното прекршочно
одделение при Основниот суд Скопје 1 ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна
постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.