Што се случило: Шеснаесетгодишен ученик физички нападнал врсник без никаков мотив или
причина, удирајќи го по главата.
Датум, време и место на инцидентот: 13 март, средно училиште „Зеф Љуш Марку во Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „курир.мк“.
Вклучена(и) жртва(и): Еден малолетен средношколец од машки пол со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Насилство Чл. 386 КЗРМ.
Сторител(и): Еден малолетен средношколец од машки пол со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристраност во овој
инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав во училиштето што го посетуваат учениците, етничката припадност на
жртвите може да е различна од таа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
пратен од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека поднесени се прекршочни
пријави против сторителот за делото Физички напад, според Законот за прекршоци против јавниот
ред и мир. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата и дополнително влијаат
врз градењето на мултиетничка толерантна средина во која можат да растат младите луѓе.