Што се случило: На 12.05.2019 година околу 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ (Чаир-Бутел) ( ЈСП бр. 57, 59), 15-годишник од с.Кучевиште, скопско, физички бил нападнат од повеќе непознати лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 12.05.2019 година околу 16.10 часот во автобус на ЈСП, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ (Чаир-Бутел)
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум
https://press24.mk/maloletnik-pretepan-vo-avtobus-na-jsp-1
Инволвирани жртви: 1 жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: повеќе непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација-настанот се случил во автобус кој поврзува населби каде живее мешано етничко население и каде постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: се истражува
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.