Што се случило: 16-годишник од село Стајковци бил претепан од страна на непозната група на
сторители без никаква причина, и се здобил со видливи повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 5 мај, 13:30 часот, бул. Александар Македонски, во дворот
на средното училиште „Боро Петрушевски“, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот медиум ТВ Сител.
Вклучена(и) жртва(и): Еден 16-годишен средношколец од машки пол од село Стајковци.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда Чл. 130 КЗРМ, Загрозување на сигурноста (Чл.144),
Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Непознат број на сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаното
етничко потекло на студентите што ги посетуваат средните училишта во непосредна близина на
облсана на инцидентот, етничката припадност на сториелите можно е да е различна од онаа на
жртвите.
2. Шема/ зачестеност на претходни кривични дела – овој инцидент доаѓа по масовна тепачка помеѓу
средношколци што се случила пред неколку дена во истата област (инцидент бр.50).
3. Природа на насилството – инцидентот бил извршен јавно, во дворот на училиштето, пред другите
ученици.
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер, на
барањето пратено од Комитетот Министерството за внатрешни работи изјави дека се поднесени
прекршочни пријави за дело „Физички напад“ во согласност со Законот за прекршоци против
јавниот ред и мир против двајца од сторителите. Сепак, нема одговор во врска со фактот што
укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.