ноември 15, 2019

Малолетник нападнат со остар предмет во Чаир

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 15.11.2019 во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 на ул. „Крсте Мисирков едно
лице со остар предмет му нанело повреда на малолетник, по што му била укажана лекарска помош во комплекс
клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 15.11.2019, 20.00, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk; mkd.mk; press24.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130 од КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
2. Изостануваат други мотиви

Статус на случајот: поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Поднесена кривична пријава против едно лице за сторено кривично дело
„Тешка телесна повреда“ од чл.131 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
ул. „Крсте Мисирков, Скопје
Име на Локација
ул. „Крсте Мисирков , Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник нападнат со остар предмет во Чаир image

Кривични дела

Против животот и телото
Тешка телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност