Што се случило: На 06.07.2019 во 20.10 часот во Полициската станица Центар, Ц.Ј.(39) од Скопје пријавил дека
истиот ден околу 17.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од
три лица. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 06.07.2019, 17.40 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, vecer.press; mms.mk; slobodenpecat.mk; denesen.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – и претходно во овој дел а градот се случувале вакви инциденти, бидејќи има две средни
училишта во кои учат деца од различно етничко потекло
3. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.