Што се случило: На 20.01.2019 година во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Н.(46) од Скопје
пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ неговиот 16-годишен син
физички бил нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 20.01.2019 година во 16.30 часот било пријавено дека на булевар
„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) идентификуван сторител А.Ј. (17)
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локацијата – ова е локација во Центарот на Градот Скопје во близина на Транспортниот центар и
Веро Центар каде има многу автобуски постојки за локален превоз и каде се вкрстуваат многу линии
кои поврзуваат делови на градот населени со различни етнички заедници, а со тоа е и место каде се
мешаат многу лица со различно етничко потекло.
Статус на случајот: Поднесен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Одговор на локалните власти: Нема потврда за индикаторите од МВР за овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.