октомври 12, 2019

Малолетник нападнат на бул.„ АСНОМ“

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 13.10.2019 во 10.30 часот во СВР Скопје, З.Ј.(37) од Скопје пријавила дека на 12.10.2019 околу
21.00 часот на бул. „АСНОМ“ бил физички нападнат нејзиниот 13-годишен син од страна на друго малолетно
лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 12.10.2019, 21.00 часот, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) малолетен сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти
3. Изостануваат други мотиви

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
бул. „АСНОМ“ , Скопје
Име на Локација
бул. „АСНОМ“ , Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник нападнат на бул.„ АСНОМ“ image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност