Што се случило: На 26.08.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице физички нападнало
и му нанело повреда на десната нога со остар предмет на 17 – годишно лице на бул.„Крсте Мисирков“. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26.08.2019, 22.30 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, 4news.mk; mkd.mk; opserver.mk; sitel.com.mk; emagazin.mk;
centar.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) неидентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на локација каде што живее и циркулира мешано етничко население.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.