Што се случило: На 14.12.2018 година во 22.10 часот К.Ј.(37) од Скопје пријавила дека околу 16,00 часот
во автобус на ЈСП, број 2 на булевар «Александар Македонски» во Скопје нејзиниот 14 годишен син бил
нападнат од страна на малолетни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.12.2018 година, 22,10 часот, во автобус бр.2 на булевар ′′Александар
Македонски′′.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице (14 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште,
во автобус
3. Место- авотбус бр, 2 многу често бил место каде се случувале вакви напади
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затворање на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).