септември 19, 2020

Малолетник нападнал 22-годишник во Тетово

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 19.09.2020 во 00.05 часот во Полициска станица Тетово, Ж.С.(22) од Тетово пријавил дека на 18.09.2020 околу 23.00 часот во паркот позади црквата „Св.Никола“  во Тетово, додека бил заедно со И.Д. и П.С., двајцата од Тетово, бил физички нападнат со тврд предмет од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло и локацијата каде се случил нападот (верски објект), а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот се од различна етничка заедница
  2. Религијата или верското уверување жртвата и напаѓачот се со различно религиско или верско уверување
  3. Целна локација – религиозен објект
  1. Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе во близина на религиозни објекти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството, а особено помеѓу младите


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Малолетник нападнал 22-годишник во Тетово image