Што се случило: На 03.06.2019 година во 02,00 часот во СВР Скопје Л.Г. (44) од Скопје, пријавил дека истиот
ден околу 22,30 часот на ул. „Цветан Димов“ неговиот малолетен син физички бил нападнат од две лица. Се
работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 03.06.2019 година околу 22.30 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел од градот кде живеат различни етнички заедници и каде и
претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: идентификуван сторител.
Одговор на локалните власти: поднесен записник за констатиран прекршок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.