Што се случило: На 05.07.2019 година во 22.15 часот во СВР Скопје П.С.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден
околу 22.10 часот на улицата „Христо Татарчев“ физички бил нападнат неговиот 16 годишен син од непознат
сторител. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 05.07.2019, 22.10 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Телесна повреда (член 135 од КЗ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.