јуни 9, 2019

Малолетник истепан во населба Топанско Поле

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 09.06.2019 година во 22.30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(51) од Скопје пријавил дека на улица
„Методија Митевски“ неговиот 15 годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување
на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 09.06.2019 година во 22.30 часот на улица „Методија Митевски“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел на градот, каде има мешано население од различни етнички
заедници

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, особено безбдноста на
децата и младите луѓе.

Адреса
улица „Методија Митевски“.
Име на Локација
улица „Методија Митевски“.

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник истепан во населба Топанско Поле image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност