Што се случило: 17 годишен малолетник со нож му нанел убодна рана во градниот кош на друг 16
годишен малолетник. На истиот му е укажана лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“, каде му
биле констатирана телесна повреда.
Датум, време и место на инцидентот: 12 март, околу 22 часот, на автобуска постојка на бул.
„Партизански Одреди“ во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Тешка телесна повреда (Член 131 , КЗ), Учество во
тепачка (Член 132, КЗ)
Сторители: Едно малолетно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради местоположбата на инцидентот кој се
случил на автобуска постојка, каде застануваат автобуси кои транзитираат во области со мешан
етнички состав, можно е етничката припадност на сторителот да е различна од онаа на жртвата
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР
Скопје било доставено барање за поведување на прекршочна постапка од 24.03.2016 година до
Основен Суд Скопје 1 Скопје, Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.