септември 12, 2019

Малолентик прободен со нож во автобус бр.56

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред
и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил
пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле и
уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски
службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 12.09.2019, 13.30, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум
Инволвирани жртви: три (3) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: непознато
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
2. Изостануваат други мотиви

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
автобус бр.56
Име на Локација
Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
3
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолентик прободен со нож во автобус бр.56 image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност