Што се случило: Во текот на прославата на вториот роденден на ЛГБТИ Центарот за поддршка,
група од околу 40 маскирани сторители трчајќи се упатиле кон кафе-барот и го каменувале,
додека внатре имало повеќе од шеесет луѓе. Во текот на нападот двајца од гостите биле пред
самиот локал, па групата почнала да ги удира со стаклени шишиња и тупаници, викајќи им дека
„треба да си одат“ и дека „нема место за педери во Стара Чаршија“. Неколку од гостите внатре се
здобија со помали посекотини од искршеното стакло.
Датум, време и место на инцидентот: 23 октомври, 21:30 часот, кафе-бар Дамар, Стара чаршија,
Скопје.
Извор на информацијата: Соопштение за јавност на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Вклучена(и) жртва(и): Две лица на кои им биле нанесени потешки телесни повреди, околу шеесет
луѓе внатре во кафе-барот.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда (Чл.130 КЗРМ), Оштетување туѓи предмети (Чл.243),
Насилство (Чл.386), Загрозување на сигурноста (Чл.144) Загрозување со опасно орудие при
тепачка или караница (Чл.133).
Сторител(и): Непозната група од околу триесетина напаѓачи.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во
овој инцидент се сексуалната ориентација и сексуалниот идентитет, додека индикатори на
пристрасност во овој инцидент се:
1. Културната разлика помеѓу сторителот и жртвата – за време на инцидентот, жртвите се занимаваа
со активности за промоција и прославување на нивната култура, сексуална ориентација и родов
идентитет, прославувајќи го датумот на вториот роденден на ЛГБТИ Центарот за поддршка.
2. Коментари – сторителите извикувале навредливи и заканувачки коментари за заедницата на
жртвите.
3. Шема на претходни инциденти – инцидентот претставува шести напад на ЛГБТИ Центарот за
поддршка и неговите активности во Старата Чаршија во текот на првите две години постоење.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесен Извештај за примање
кривична пријава против непознат сторител/и за кривично дело Насилство. Во одговорот нема
информации за можниот мотив на делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедноста состојба на сексуалните малцинства во земјата.