Што се случило: Во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 2018 година непознати сторители нацртале
кукасти крстови на споменикот на Крале Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при
Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен.
Од Општината велат дека случајот е пријавен во полиција.
„Општина Прилеп го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат
спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во
полициската станица“, се вели во соопштението.
Датум, време и место на инцидентот: ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 2018 година, споменикот на Крале
Марко во центарот на Прилеп.
Извор на информации: електронски медиум макфакс.ком.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (член 319 од КЗ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се испишуваат графити со говор на омраза по
етничка основа
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, известуваат дека работат на
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.