Што се случило: Во дворот на тетовската гимназија „7-ми Март“ се случила тепачка во која две 19
годишни лица од Тетово се здобиле со повреди. Според податоците од полицијата во тепачката
учествувале седум лица, од кои двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово.
Најпрвин меѓу двете групи започнала вербална расправија која брзо преминала во меѓусебна
тепачка при што едно 19 годишно лице се здобило се две убодни рани во пределот на грбот,
најверојатно од нож, а неговиот врсник со сериозна повреда на раката од удар. На двајцата им
била пружена лекарска помош во тетовската клиничка болница при што повредениот со убоди во
грбот бил задржан за понатамошно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 4 март, 16:00 часот, училишниот двор на гимназијата 7ми
Март во Тетово.
Извор на информации: Телевизија 24 Вести.
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Учество во тепачка
(Член 132, КЗ).
Сторители: Група ученици од гимназијата „7ми Март “.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е припадниците на двете групи да имаат различно
етничко потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Тетово
е поднесена кривична пријава за кривично дело „Насилство“ до Основното Јавно Обвинителство
– Тетово.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.