Што се случило: На 10.06.2019 година во 22.55 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.С.(20) од
с.Кондово, скопско, пријавил дека истиот ден околу 22.30 часот на улица „Македонски Војски“ бил физички
нападнат од четири лица. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: На 10.06.2019 година околу 22.30 часот на улица „Македонски Војски“
Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничко потекло – жртвата била со поинаква етничко потекло од сторителите.
2. Локација – во овој дел на градот често се регистррини вакви инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.