април 22, 2014

Каменување на јавниот градски автобус бр. 55 во Брњанци (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Според медиумите автобусот бр. 55 враќајќи од Арачиново, пренесувал
учесници на политички митинг што се одржувал во Арачиново кратко време пред инцидентпт.
Откако патниците слегле од автобусот, се собрале членови на локалната заедница и избила
масовна тепачка. Кратко потоа интервенирала полицијата, на тој начин спречувајќи понатамошна
ескалација на инцидентот. Медиумите изјавуват дека околните заедници се чувствуваат загрозено
и несигурно поради инцидентот и зголеменото полициско присуство. Подоцна, полицијата даде
јавна изјава дека инцидентот бил „сериозно нарушување на јавниот ред и мир“.

Датум, време и место на инцидентот: 22 април, село Брњанци, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „курир.мк“ (kurir.mk), локалниот
електронски медиум „локално.мк“ (lokalno.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на жртви од двете страни.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка Чл. 132 КЗРМ, Телесна повреда (Чл. 130), Загрозување
на сигурноста (Чл.144), Оштетување туѓи предмети (Чл. 243).
Сторител(и): Непознат број на сторители, веројатно и од двете страни.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во
овој инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, додека индикатори на
пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата/сведокот – жртвите се занимавале со активност за промоција на нивната
политичка припадност пред инцидентот.
2. Локација и време – инцидентот избил кратко по промената на присуството на политичко малцинство
во селото Брњанци.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“то за информации од јавен
карактер пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека преземени
се неопходните мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело
резултирало со помала материјална штета, па соодветно на тоа потребна е приватна тужба за
да се покрене судска постапка. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот
мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во земјата.

Адреса
село Брњанци, Скопје
Име на Локација
село Брњанци, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменување на јавниот градски автобус бр. 55 во Брњанци (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност