Што се случило: Непознати сторители ја каменувале локалната канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во
Топанско Поле.
Датум, време и место на инцидентот: 20 април, Топанско Поле, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот печатен медиум „Нова Македонија“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, а индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Локација – на мета е место од политичко значење за целната група.
2. Шема на претходни инциденти – На овој инцидент му претходел инцидент во соседната населба
Чаир, каде подрачната канцеларија на СДСМ бил демолирана во текот на претходната ноќ.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“за информации од јавен карактер
пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека преземени се неопходните
мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело резултирало со помала
материјална штета, па соодветно на тоа потребна е приватна тужба за да се покрене судска постапка.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.