Што се случило: Автобус од јавен градски превоз, линија бр. 55 бил каменуван од непознати
сторители во село Арачиново во Скопје.
Датум, време и место на инцидентот: 4 април, ул. 1, Арачиново, Скопје.
Извор на информацијата: Печатениот медиум „Денешен Весник“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл. 144, Оштетување туѓи предмети чл. 243
КЗРМ .
Сторител(и): Непознат.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничка припадност државјанство или јазик, а индикаторите на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав на населението во село Арачиново (селскиот автобус бр. 55 поминува
низ тоа село) и околната област, етничката припадност на жртвата можно е да се разликува од
онаа на сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се преземаат неопходните
мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело резултирало со помала
материјална штета и следствено неопходна е приватна тужба за покренување судска постапка.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните заедници во општеството.