Што се случило: Непознати сторители го вандализирале штабот на партијата кршејќи неколку
прозорци.
Датум, време и место на инцидентот: 8 јануари, рани утрински часови, Маџари, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: „Оштетување туѓи предмети“ (член 243, КЗ на РМ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на најголемата опозициска партија;
2. Гестови на место на настанот – по инцидентот, сторителите запалиле неколку свеќи околу
просториите;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барањето за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека презема неопходни мерки за расветлу-
вање на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.