Што се случило: Две лица со фантомки го каменувале штабот на СДСМ во Расадник-Кисела Вода.
Датум, време и место на инцидентот: 28 февруари, 13:15 часот, партиски штаб на СДСМ во
Расадник-КиселаВода, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Две лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во Прилеп, во с. Драчево, во с. Сопиште,
во Битола и во населбите Центар и Аеродром во Скопје;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба согласно чл.243 од КЗ и се уште се
преземаат мерки и активности за расветлување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.