Што се случило: Во текот на ноќта додека членството на СДСМ имало состанок, бил каменуван
нивниот штаб во Аердором. При нападот биле искршени неколку прозорци. Според информациите
пренесени од медиумите, освен материјална штета, нема повредени.
Датум, време и место на инцидентот: 22 март, 20:00 часот, партиски штаб на СДСМ во нас.
Аеродром, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум А1он.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од претходниот
месец, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во повеќе градови во земјата;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба согласно чл.243 од КЗ и сè уште се
преземаат мерки и активности за расветлување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.